
Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на Сантијаго Бернабеу, во Ел Класико кое е закажано во недела од 16:15 часот во рамките на 10. коло од Ла Лига.
Средбите на двата најголеми светски клуба секогаш предизвикуваат посебно внимание и со нетрпение се чекаат, па така е и овојпат. Реал и Барса ќе водат жестока борба за титулата до крајот, а во моментот „Кралевите“ имаат два бода повеќе од нивниот лут ривал.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Пред овој натпревар, се огласи и Луиш Фиго, еден од ретките кој носеше дрес на двата тима. Трансферот на Фиго од Барселона во Реал Мадрид во 2000 година остана еден од најконтроверзните и најзначајните моменти во историјата на фудбалот.
Во јули 2000 година, Флорентино Перез, тогашниот претседател на Реал Мадрид, им вети на членовите на клубот дека ќе го донесе Луиш Фиго ако победи на претседателските избори. Откако беше избран, Реал ја искористи откупната клаузула на Фиго од 60 милиони евра, што тогаш беше светски рекорд за трансфер.
Фиго беше клучен играч на Барселона, лидер и омилен меѓу навивачите. Неговото заминување во најголемиот ривал предизвика чувство на длабока предавство меѓу каталонските навивачи.
„Мислам дека Реал Мадрид ќе победи 3:1. Играат дома и тоа секогаш се смета за предност. Освен тоа, имаат подобри играчи и моментално играат подобар фудбал“, рече Фиго.