Дома Фудбал ФИФА затвори дел од „Дубочица“ пред мечот меѓу Србија и Албанија

ФИФА затвори дел од „Дубочица“ пред мечот меѓу Србија и Албанија

Светската фудбалска федерација ја објави одлуката – Србија и Албанија ќе играат на 11 октомври пред помал број гледачи во Лесковац. Според информациите на Sport клуб, капацитетот на „Дубочица“ ќе биде намален за 20 проценти.

Одлуката ја донесе Дисциплинскиот комитет на ФИФА на седницата во Мајами. Фудбалскиот сојуз на Србија, според истите информации, доби и финансиска казна од 80.000 швајцарски франци.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


После сè, ова е повеќе од прифатлива санкција за српската куќа на фудбалот. Истовремено, обврска, наведена во казната, за јасен план за спречување на потенцијалните проблеми на натпреварот со Албанија.

ФФС има обврска да достави план за распоред на седишта, најдоцна до 1 октомври, со можност дел од капацитетот да го пополнат групи од посебен интерес: семејства, ученици, организации кои се фокусираат на борба против дискриминацијата. Како што е соопштено, „планот мора да вклучува и јасни активности против дискриминацијата (како носење маици, или истакнување на транспаренти со такви пораки)“.

Практично, на трибините на 11-ти октомври ќе можат да присуствуваат 6.500 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп си ја отвори душата: Не сакам веќе да сум тренер!

Легендарниот Германец Јирген Клоп призна дека во овој момент не размислува за враќање во т…