Дома Фудбал ФИФА ранг листата има нов лидер, Македонија забележа пад!

ФИФА ранг листата има нов лидер, Македонија забележа пад!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави најновата ранг-листа, на која Македонија бележи пад за едно место.

Во септемврискиот циклус избраниците на Благоја Милевски одиграа два меча – квалификацискиот против Лихтенштајн во Скопје, каде што славеа убедливо со 5-0, и контролниот натпревар со Саудиска Арабија во Прага, кој заврши со пораз од 2-1. Тој неуспех во пријателскиот дуел беше доволен Македонија да се спушти за една позиција, па моментално се наоѓаме на 63. место. Пред нас е селекцијата на Јордан, која успеа да напредува за две позиции.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


На врвот на светското рангирање има промена – Шпанија сега е лидер со 1875 поени, зад неа е Франција, додека Аргентина, која до минатиот месец беше прва, сега е трета.

Во најдобрите десет уште се Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toтенхем доби два црвени картони, Ливерпул победи во дербито – Исак даде гол и се повреди! (Видео)

Во рамките на 17. коло од Премиер лигата, Ливерпул оствари важна победа на гостувањето во …