Дома Фудбал ФФМ подели казни: Тренерот и директорот на Кожуф надвор од фудбалот две години, а во ОФС Охрид се измислила цела лига!

ФФМ подели казни: Тренерот и директорот на Кожуф надвор од фудбалот две години, а во ОФС Охрид се измислила цела лига!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, врз основа на доставените извештаи и официјалните забелешки, на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи:

Забрани за извршување функција:

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


–  Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

–  Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

Забрани за настап:

–  Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;

–  Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари;

Поведени постапки:

–  Против ФК Шкендија АД, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Шкендија – ФК Силекс;

–  Против ФК Македонија ЃП, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Беласица; 

–  Против ФК Кожуф, поради прикривање и нерегуларности на натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими. Од истата причина, веќе е поведена постапка против ФК Башкими; 

–  Против Фетахи Фуркан, комесар за безбедност на ФК Башкими;

–  Против Кирил Стојков, поради добиен црвен картон на натпреварот ФК Кожуф – ФК Новаци;

–  Против играчи на ФК Кожуф (К.С.Ј.П.Б.К.Д.Б.) – за прикривање информации поврзани со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими;

Исклучување од фудбалската организација:

Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охридсе исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот. 

Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид. 

Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Ханзи Флик во Барса до 2027

Тренерот на Барселона Ханзи Флик официјално го потпиша новиот договор со каталонците. Дого…