Дома Фудбал Фернандез ја остави сопругата и двете деца: Сè трошев на него кога се запознавме!

Фернандез ја остави сопругата и двете деца: Сè трошев на него кога се запознавме!

Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез (23), реши да ја напушти сопругата Валентина Сервантес и двете деца. Сервантес јавно проговори за разделбата со аргентинскиот репрезентативец и светскиот првак од 2022 година.

„Сè беше во ред и одеднаш ми рече дека повеќе не сака да биде со мене. Има работи кои сè уште треба да ги размислам, но го прифатив тоа.”

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кога се запознавме, работев во ресторан и студирав право. Тој играше за младинскиот тим на Ривер, а потоа стана дел од Б тимот. Кога почнавме да живееме заедно, ја сменив работата и почнав да работам во центар за повици. Тогаш заработував повеќе отколку што нему му плаќаше неговиот менаџер, ја вложував целата плата на него, не можев ништо да заштедам. И по девет месеци бев бремена, имав 19 години.”

Фернандез, наводно, веќе има друга девојка: „Тоаа што го прави од денот кога се разделивме па натаму е негов живот. Нема да се мешам и ќе ја почитувам жената која ќе ја одбере, се додека е фер кон моите деца, нема никакви проблеми.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …