Дома Останати Кошарка Феноменалниот Јокиќ го водеше Денвер до победа и го сруши личниот рекорд во асистенции

Феноменалниот Јокиќ го водеше Денвер до победа и го сруши личниот рекорд во асистенции

СИНОЌА во НБА лигата беа одиграни осум натпревари. Денвер Нагетс ги победија Индијана со резултат 125:116. Нагетс доминираа поголемиот дел од натпреварот, предводени од одличниот Никола Јокиќ.

Никола Јокиќ имаше импресивен учинок со 18 поени, 19 асистенции и 9 скокови. Неговите 19 асистенции претставуваат нов личен рекорд и го израмнуваат второто место по број на асистенции на еден центар во историјата на НБА лигата. Од центрите, повеќе асистенции на еден натпревар има само Вилт Чемберлејн, кој имал 21.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Освен Јокиќ, Аарон Гордон ги предводеше Нагетс со 25 поени. Мајкл Портер Јр. додаде 19 поени и 11 скокови, додека Кристијан Браун постигна 17 поени. Сите пет стартери на Нагетс постигнаа двоцифрен број на поени, а тимот шутираше 56% од теренот.

Оваа сезона Никола Јокиќ во просек бележи импресивни бројки, 29.4 поени, 12.7 скокови и 10.2 асистенции по натпревар. По оваа победа, Денвер Нагетс имаат рекорд 38-20 и се наоѓаат на второто место во Западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Масовна тепачка во НБА лигата: Летаа тупаници, настрада снимател и камера (Видео)

Оклахома тандер победи на гости против Вашингтон Визардс со 132:111, но главната приказна …