Дома Фудбал Фединанд се соочува со проблеми: Некогаш мора да користам и инвалидска количка…

Фединанд се соочува со проблеми: Некогаш мора да користам и инвалидска количка…

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, откри дека поради сериозните проблеми со грбот, кои се резултат на неговата играчка кариера, понекогаш е принуден да користи инвалидска количка и често завршува во болница. Фердинанд, кој денес има 47 години, минатата година се пресели во Дубаи со својата сопруга Кејт, каде што се соочува со болните последици од кариерата во која одигра речиси 600 натпревари.

И покрај тоа што на фотографиите за еден магазин изгледа во одлична форма, Фердинанд признава дека повредите кои со години ги игнорирал, сега го надминуваат. Во текот на неговата кариера постојано користел инекции и таблети за болки за да може да игра, а проблемите сè уште се присутни и денес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Оддамна имам проблеми со грбот. Повредив многу нешта за време на кариерата. Шест години играв со лекарства и инекции. Тоа остави последици. Имам тежок период со грбот кога треба да поминам неколку дена во болница или во инвалидска количка. Лудо е, но болката се појавува од никаде”, изјави тој.

Фердинанд и претходно зборуваше за физичките проблеми кои го мачеа кон крајот на неговата кариера, признавајќи дека жали што не се пензионираше во Манчестер Јунајтед наместо да одигра една сезона во Квинс Парк Ренџерс. Се надеваше дека ќе ја заврши кариерата на добро во неговиот роден Лондон, но таа сезона се претвори во кошмар. Одигра само 11 лигашки натпревари борејќи се со формата и повредите, а Квинс Парк испадна од лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВЛАХОВИЌ ГО НАПУШТА ЈУВЕНТУС: Тренерот на Србија го открива неговиот нов клуб!

Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус, моментално се опоравува од повреда. Предвидено е да…