Дома Останати Тенис Федерер во пензија заработи 2,24 милијарди евра: Никој не знаел што прави додека игра тенис, а сега му се враќа назад

Федерер во пензија заработи 2,24 милијарди евра: Никој не знаел што прави додека игра тенис, а сега му се враќа назад

За време на играчката кариера, Роџер Федерер дел од заработените пари ги вложи во компанијата „On“, која брзо расте во светот на спортот и производството на спортска опрема. Затоа, минатата година официјално како пензионер заработи сериозни пари.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер веќе неколку години е пензионер, но сè уште е блиску поврзан со светот на професионалниот спорт – преку компанијата во која паметно инвестираше и која му е денес главен извор на приходи. Швајцарецот за време на играчката кариера заработи околу 130 милиони американски долари, и тоа ги знаеше паметно да ги пласира кога стана свесен дека повеќе не може да игра против најдобрите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во 2019 година, Роџер Федерер одлучи дел од заработените пари да ги инвестира во компанија што се занимава со производство на спортска облека и обувки. Нормално, специјализирани се за тенис, нивното лого често можеме да го видиме на најголемите светски турнири, а компанијата носи и огромни приходи на Швајцарецот кој веќе неколку години ужива во пензија.

Се претпоставува дека Роџер Федерер има околу 3 проценти удел во сопственичката структура на компанијата која е основана во 2010 година, а која стекна светска популарност токму во годините кога славниот спортист реши да вложи во неа. Меѓу основачите е и Оливер Бернхард, швајцарски “Ајронмен” кој развиваше сосема нова технологија за производство на спортска опрема, но “Nike” со кој тогаш имаше соработка не сакаше да започне нов проект.

Компанијата “On” со седиште во Цирих неодамна ги објави своите деловни успеси за 2024 година. Во само една година, фирмата во која своевремено инвестираше Роџер Федерер оствари приходи од 2,42 милијарди евра! Објавено е и дека во последната година акциите пораснале околу 41 процент, надминувајќи ги клучните ривали како “Nike” и “Adidas”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пукна љубовта: Ана Ивановиќ избриша сè освен една слика со Швајнштајгер (Фото)

Светот сè уште зборува за Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, а поранешната српска тенис…