Дома Фудбал Фабио Капело остар: Судиите се мафија

Фабио Капело остар: Судиите се мафија

Славниот италијански тренер Фабио Капело даде долг интервју за шпанската „Марка“.

Капело најмногу зборуваше за шпанскиот гигант, Реал Мадрид, чиј тренер беше во два наврати, од 1996-1997 година, како и 2006-2007, во двата мандати освојуваше домашно првенство, а откри што смета дека е моментално најголемиот проблем на овој славен тим од престолнината на Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Повеќе немаат голем квалитет во средниот ред, а тоа беше нивната сила сите овие години – рече Капело за Марка.

Сепак, во споменатото интервју, 79-годишниот Италијанец имаше забелешка за судењето, беше остар во зборовите кога станува збор за судиите и даде предлог за иновација во системот ВАР.

– Тоа е тема која навистина ме разбеснува. Судиите се мафија. Не сакаат да користат поранешни играчи за ВАР, играчи кои ги разбираат движењата во фудбалот, начинот на кој играчот се запира, како си помага… И многу пати носат погрешни одлуки затоа што не играле и не ги знаат тие движења. Играч добива допир по лицето, паѓа на земја и судијата свири фаул. Но, зошто свирите фаул?! Ако сум висок 1,90 метри, а другиот играч е висок 1,75, кога се поместувам, мојата рака е на истата висина како и неговото лице, зошто дувате во свирче? Сето ова ме лудува, целосно ме лудува – рече Капело и откри дека поставувањето на еден поранешен фудбалер во ВАР-собата би донело напредок во ова прашање.

– Ставете еден поранешен играч во ВАР-собата за тој да може да му каже на судијата – па мислам дека тоа не е пенал. Или – мислам дека е. Со УЕФА анализиравме 20 ситуации во кои се досудени пенали. Кога ги прегледаа поранешни играчи и тренери – за шест рекоа дека е пенал, а за 14 дека не е – објасни Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар стави потпис на нов договор, претседателот на клубот беше пресреќен

Нејмар го продолжи договорот со клубот каде што се разви за уште една година, со што остан…