Дома Фудбал Англија Eмери: Кога не би морал никогаш не би играл против Ливерпул

Eмери: Кога не би морал никогаш не би играл против Ливерпул

Во натпреварите од третото коло во англиската Премиер лига дербито ќе се игра на „Енфилд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул го пречекува Арсенал, а двата тима се наоѓаат на врвот на табелата после второто коло по шест бодови.

„Топџиите“ во последните три гостувања на „Енфилд“ имаат очајна статистика запишуваа порази од 5:1, 4:0 и 3:1, па јасно е зошто Емери не се радува на натпреварот со Ливерпул.

„Не сакам да играм против Ливерпул, ако мене ме прашувате кога не би морал не би играл никогаш. Играњето против нив за нас ќе биде голем предизвик. Нашата цел е да го намалиме заостанувањето зад екипи какви што се Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем. Едно е сигурно, ќе биде добар натпревар“, порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе биде големо засилување на Барселона, а еве што зборуваше за Мурињо

Ентони Гордон ја изрази својата фасцинација кон Мурињо уште од детството по победата со Њу…