Интересна вест започнаа да пренесуваат голем дел од реномираните англиски медиуми која прв ја објави британскиот„Стандард“.
Венгер некако успеа да го преживее минатото лето иако голем дел од навивачите бараа негова промени, покрај тоа тој потпиша и нов договор на две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал и оваа сезона не игра според очекувањата, па повторно се акуелизира прашањето за смена на Венгер.
„Стандард“ од свои извори дознава дека управата на Арсенал никогаш посериозно не размислувала за промена на Венгер доколку не ги постигне посакуваните резултати на крајот од сезоната и како што наведуваат од „Емирати“ го избрале Карло Анчелоти за негов наследник.
Како причина за изборот на Анчелоти се наведува смиреноста на Италијанецот за кој веруваат дека може да го изнесе Арсенал на вистинскиот пат.
Уште поинтересно е што Анчелоти по отказот од Баерн, наредниот месеци се сели во Лондон каде што ќе живее со своето семејство.