Дома Трансфер зона Европските гиганти се „тепаат“ за талентот на Реал

Европските гиганти се „тепаат“ за талентот на Реал

Реал Мадрид има вистински „бисер“ за кого се заинтересирани многу европски гиганти.

Станува збор за 20-годишниот Нико Паз, кој минатата година дебитираше за Реал Мадрид во Лигата на шампиони и веднаш постигна гол на дебито.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа сезона Аргентинецот игра на позајмица во Комо, каде покажа дека е еден од најголемите таленти во моментов.

Интер, Милан, Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал се силно заинтересирани за него и веќе ја почнаа битката за потписот.

Реал не сака да се откаже од него, но јасно е дека за Нико Паз нема да има многу простор кај „кралевите“ кога ќе се врати следното лето.

Аргентинецот ужива во играњето во Серија А и медиумите тврдат дека сака да остане во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…