Дома Фудбал Европа има ново фудбалско чудо – Карабаг!

Европа има ново фудбалско чудо – Карабаг!

Фудбалерите на азербејџанскиот Карабаг по две одиграни кола во Лигата на шампионите имаат максимални шест бодови.

Карабаг по триумфот над Бенфика во Лисабон вечерва на свој терен го славеше против Копенхаген со 2:0.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Копенхаген се бранеше до 28. минута, кога плејмејкерот на домаќините Педро Бикалхо со удар од далечина ја погоди стативата, а на вистинското место во вистинско време се најде Зубир и само ја пласираше топката во мрежата.

Само минута подоцна Копенхаген испушти голема шанса брзо да израмни. По изведување на топката од центарот, во шанса директно се најде Елјуниуси, но шутираше малку покрај голот.

Во второто полувреме, Азербејџанците го префрлија фокусот на одбраната и чекаа шанса да го зададат завршниот удар на противникот, а Копенхаген во 81. минута беше многу близу до израмнување, кога стоперот Габриел Переира со глава ја погоди пречката, а потоа следеше казната.

Само две минути подоцна, резервистот од Гана, Емануел Адаи, се заплетка со топката на работ на казнениот простор на Данците, но дефанзивците на гостите не го сфатија доволно сериозно, па му дозволија да упати силен удар по земја, директно во “малата мрежа” за големи 2:0.

На другиот натпревар одигран во истиот термин, Њукасл како гостин го декласираше белгискиот шампион Унион Сен Жилоаз со 4:0, а напаѓачот на “страчките” Ник Волтемаде влезе во историјата на англискиот клуб како првиот играч кој постигнал гол на своето деби и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанд постигна нешто што Меси и Роналдо не успеаја во ЛШ

Јасно е зошто Ерлинг Холанд го нарекуваат „машина за голови“. Тековно се игра натпреварот …