Дома Фудбал Евертон со играч помалку го совлада Манчестер Јунајтед. Погледнете го прекрасниот гол за победа

Евертон со играч помалку го совлада Манчестер Јунајтед. Погледнете го прекрасниот гол за победа

ЕВЕРТОН го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 на Олд Трафорд во завршната средба од 12-то коло на Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Дјусбери-Хол во 29-та минута.

Така гостите, иако играа со играч помалку од 13-тата минута, стигнаа до втората последователна победа.

Голот кој ја одлучи средбата

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Клучниот момент на средбата се случи во 29-та минута. Дјусбери-Хол ја прими топката на околу 25 метри од голот на Јунајтед, се заврте и тргна кон казнениот простор.

Потоа се ослободи од Касемиро, а обидот на Лени Јоро со неуспешен лизгачки старт му ја додаде топката, која од врвот на шестнаесетникот ја упати во горниот десен агол од мрежата на Сам Ламенс.

Можете да го видите голот ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед е клубот со најмногу трошоци за трансфери во последните пет години

Манчестер Јунајтед е клубот со најмногу нетo трошоци за трансфери во целиот свет во послед…