Дома Фудбал Еве колку заработи ПСЖ со освојување на УЕФА Суперкупот

Еве колку заработи ПСЖ со освојување на УЕФА Суперкупот

Фудбалерите на ПСЖ триумфираа во УЕФА Суперкупот откако го совладаа Тотенхем на пенали со резултат 4:3.

По регуларното време од 90 минути, резултатот беше 2:2. Англискиот тим поведе преку головите на Ван де Вен и Кристиано Ромеро во 39-та и 48-та минута, додека актуелните европски клупски шампиони израмнија благодарение на ударите на Канг-Ин Ли во 85-та минута и Гонсало Рамос во 94-та.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Иако при пеналите првиот промашување го направи Витиња од ПСЖ, неговите соиграчи успешно ги реализираа сите четири удари. Од друга страна, Лука Шевалие успеа да го одбрани ударот на Мики ван де Вен, а Матиј Тел го промаши голот и стана трагичар.

И ПСЖ и Спарс заработуваат по 4 милиони евра само за учеството во натпреварот, а тимот од Париз како победник добива дополнителен милион евра. Така, вкупната парична награда за синоќешниот победник изнесува 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ве нервира ВАР технологијата? Тоа што се подготвува сигурно нема да ви се допадне!

Хауард Веб, првиот човек на професионалните судии во Англија (PGMOL), најави драстични про…