
Синоќа финалето од Карабао купот го одиграа екипите на Манчестер Сити и Арсенал, а Граѓаните извојуваа победа од 2:0.
Многумина пред натпреварот сметаа дека Арсенал е фаворит, но на крајот Манчестер Сити беше тој кој го освои пехарот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По натпреварот започна славје на играчите на Манчестер Сити, а камерите го снимија Пеп Гвардиола како на тревникот на Вембли ја прегрнува една девојка. Мнозина веднаш се запрашаа која е таа, но сè беше брзо откриено.
Имено, станува збор за ќерката на Пеп, Марија, која му е голема поддршка на својот татко низ сите тешки времиња што ги помина овој шпански тренер, а се разбира тука е и кога ги слави своите успеси.