
ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенство, досега се познати 32 учесници. Последната селекција што се најде на листата е Норвешка како победник во групата I. Малку претходно во неделата својата виза за СП ја доби и Португалија.
Со тоа, бројот на европски репрезентации се зголеми на пет откако својата карта за Светското избраа и Франција, Англија и Хрватска. За сега, најголемиот дел од познатите учесници доаѓаат од Африка, со девет репрезентации, и од Азија, со осум.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Да споменеме дека меѓу 32 патници има и три дебитанти – Узбекистан, Јордан и Зелено’ртски Острови. Ждрепката за групите на СП ќе биде одржана на 5 декември во Кенеди Центарот во Вашингтон. Конечното име на сите учесници на Светското ќе биде познато во крајот на март следната година, кога ќе се одржат дополнителните квалификации во Европа, кои ќе одлучат за последните четири патници.
ДОСЕГА ОБЕЗБЕДЕНИ ЗА УЧЕСТВО НА СП (32/ 48)
Домаќини: САД, Мексико, Канада
Африка: Алжир, Зелено’ртски Острови, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис
Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај
Европа: Франција, Англија, Хрватска, Португалија, Норвешка
Океанија: Нов Зеланд