Дома Фудбал Еве како реагираше Меси кога му рекоа дека е најдобриот на сите времиња (Видео)

Еве како реагираше Меси кога му рекоа дека е најдобриот на сите времиња (Видео)

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси не можеше да го сокрие насмевката кога новинар му рече дека е „најголемиот на сите времиња“. Иако никогаш јавно не зборувал за оваа неофицијална титула што ја носи откако со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година, се гледа дека таквата реченица му е навистина значајна.

„Ти си најдобриот на сите времиња, нели?“, рече новинарот на “NBC”, со што му измами насмевка на Меси, а потоа го праша да ги именува “најдобрите на сите времиња” од некои други спортови што ги следи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Во фудбалот, за нас Аргентинците, Марадона отсекогаш беше тој – нашата најголема легенда некогаш, најголемиот играч поради тоа што претставуваше за сите нас. Иако бев млад, Диего ги надмина сите – беше нешто поголемо од било што други граници”, изјави веднаш Лионел Меси кој не сакаше сам да се накити со титулата “GOAT” (најголем на сите времиња, заб. на авт.).

„Ако зборуваме за некој друг спорт, мислам дека слично беше со Џордан. Исто така многу ги почитувам тенисерите каков што е Рафа Надал. Мислам дека тројцата – Надал, Федерер и Ѓоковиќ – направија ривалството да биде многу поголемо од што беше”, додаде тој.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…