
Леброн Џејмс и понатаму изгледа како во својата 25-та година и многумина тврдат дека ќе продолжи да доминира на терените. Но, што велат американските новинари за неговата иднина?
Леброн, еден од најголемите кошаркарски величини на сите времиња, отсекогаш имал широк спектар на интереси за инвестиции во својот живот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според извештаите од медиумите во САД, Леброн полека ја губи страста за останување во НБА лигата, а шпекулациите за неговата идна кариера стануваат се погласни.
Се шират гласини дека ова може да биде неговата последна сезона, но спортскиот аналитичар и новинар на ЕСПН, Брајан Виндхорст, ги шокираше сите со нова информација.
Тој откри дека Леброн Џејмс ќе продолжи да игра се додека е здрав, а спомена и дека не е исклучена можноста тој да се обиде надвор од НБА!
“Постојано слушам како луѓето веќе со години зборуваат: ‘Ова би можела да биде последната година.’
Погледнете, неговото име веќе е поврзано со можност за играње во други лиги, и тоа не е нешто што можете да го занемарите.
Доколку остане здрав, сум сигурен дека Леброн нема да успори,” изјави Виндхорст.
НБА лигата веќе подолг период размислува за проширување во Европа, каде би можеле да заземат место на актуелната Евролига.
Во склоп на оваа експанзија се споменуваат и трансфери на значајни играчи за да се привлечат навивачи во арените.