
Бразилскиот напаѓач Ендрик направи одличен потег со заминувањето од Реал на позајмица во Лион. Во Франција, 19-годишникот веќе го покажува целиот свој талент кој не можеше во Мадрид и постигна четири гола во четири настапи. Потполно посветен на фудбалот, ‘ѕверот’ допрва ќе ‘експлодира’.
Ендрик во претходната година и пол страдаше во Реал Мадрид. Карло Анчелоти му ветуваше дека ќе игра, а минути добиваше капка по капка, за со доаѓањето на Хаби Алонсо младиот Бразилец речиси целосно да биде свртен од теренот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шансата ја доби дури при крајот на годината кога Алонсо го спасуваше својот ангажман во кралскиот клуб, но Ендрик одлучи дека можеби е подобро да побара среќа и минути на друго место.
Отиде на позајмица во Лион до крајот на сезоната. Досега правилно решил, а четирите гола во четири настапи доволно зборуваат за каков напаѓач станува збор.
Иако веќе одамна е милионер, овој чудесен млад дечко не отстапува од фудбалските принципи. Целосно е посветен на успехот, а Бразилците откриваат дека во Франција води исклучително мирен живот.
19-годишникот не дозволува ништо да го спречи на патот кон висините. Сака да се докаже во Лион, а потоа да се врати во Сантиаго Бернабеу и да покаже од што е изработен.
„Ендрик има неверојатна посветеност на фудбалот и води речиси целосно повлечен живот во Франција”, наведуваат бразилските медиуми и додаваат:
„Живее на 20 минути од тренинг центарот на Лион, има личен готвач, а целото слободно време го поминува со сопругата и кучињата.”
Лион во Ендрик доби огромно засилување до крајот на сезоната. Веќе се зборува за можноста за останување и следната сезона, но засега одлуката е летово да се врати во Мадрид.