Дома Фудбал Емотивна сцена: Селекторот на БиХ се расплака по драмата со Велс, ги гушкаше и двајцата синови (Видео)

Емотивна сцена: Селекторот на БиХ се расплака по драмата со Велс, ги гушкаше и двајцата синови (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина успеа да се пласира во финалето на баражот за Светското првенство, откако во драматичен пенал натпревар го победи Велс.

Селекторот на “Змејовите”, Сергеј Барбарез, емоционално ја доживеа оваа победа, која ја прослави во прегратката на своите синови Филип и Серхио.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Видео од нивното славје стана популарно, и на него јасно се гледа како Барбарез пушта солзи додека е во прегратката на децата.

Да потсетиме, натпреварот во редовниот тек заврши нерешено 1:1, со голови од страна на Даниел Џејмс и Един Џеко, додека по пеналите, конечниот резултат беше 4:2.

Табаковиќ, Басиќ, Хаџиахметовиќ и Алајбеговиќ погодија за победата, а само Демировиќ не беше прецизен, имајќи навистина тежок натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Напаѓачот на Барселона се здоби со повреда што предизвика загриженост кај навивачите на бр…