
Во недела навечер ќе се одигра дербито во Италија помеѓу Јувентус и Милан, а емисарите на Арсенал доаѓаат за да го гледаат момчето кое Артета по секоја цена го сака во Лондон.
Британските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Топџиите има интерес за одличниот Кенан Јилдиз, ѕвездата на Јуевнтус.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Феноменалната сезона на Турчинот досега, а Старата дама не седи со скрстени раце. Подготвен е петгодишен договор според кој Јилдиз ќе заработува пет милиони евра по сезона.
Каква ќе биде понудата од Арсенал ќе дознаеме наскоро. Нема сомнение дека Англичаните можат да ги исполни и поголемите барања на Турчинот доколку тој сака да се пресели во Лондон.
Да напоменеме, Јилдиз има договор со Јувентус до 2029 година, но под значително полоши услови. Интересно е дека 20-годишниот Јилдиз дојде во Јувен од младинскиот тим на Баерн сосема бесплатно. Неговата цена на пазарот е 50 милиони евра. Златната кокошка на Старата дама.