Дома Останати Кошарка Ембид: Знам кој беше „кртот“ во соблекувалната

Ембид: Знам кој беше „кртот“ во соблекувалната

Недоразбирањето во соблекувалната на Филаделфија сѐ уште е присутно поради објавување во јавноста на детали од состанок кој минатата сезона организираа играчите по серија на лоши резултати.

Тогаш излезе на виделина „валканата облека“, беше само почеток на сезоната, но и почеток на крајот за Фила која, така потресена, сезоната ја заврши со само 25 победи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа е инаку вториот најлош учинок на екипата од доаѓањето на Џоел Ембид во тимот, а тоа беше одамна, 2015 година.

Токму во тие денови Камерунецот беше во центарот на вниманието, логично бидејќи е првата ѕвезда на тимот. Неговата реакција на предавството во соблекувалната беше остра – соиграчот кој ги раскажал деталите од интерниот состанок го нарече “голема го*нарка”.

На споменатиот состанок, кој се случи откако екипата го изгуби 11. натпревар во 13 меча, а кој го иницираше еден од најискусните во екипата Кајл Лаури, Тајриз Мекси меѓу другото му замери на Ембид што постојано доцни на тренинзи.   

Месеци подоцна, во интервју со Џејкоб Морено од TNT, Ембид изјави дека знае кој е „кртот“ од соблекувалната иако ни овој пат не сакаше да го открие неговото име. 

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ФБИ откри детали за апсењата кои предизвикаа „земјотрес“ во НБА-лигата

НБА-лигата, на самиот почеток од новата сезона се соочува со еден од најголемите скандали …