
Речиси секојдневно во светските медиуми и меѓу фудбалските великани се води дебата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња.
Последните години дебатата се сведува главно на изборот помеѓу два великани – Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои и во ветеранските години рушат рекорди.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Неодамна и самиот Кристијано Роналдо во интервју изјави дека се смета за најдобар на сите времиња.
Кристијано никогаш не важеше за скромен и секогаш имаше високо мислење за себе.
На неговата изјава реагираше и Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач, кој некогаш се сметаше за најдобар играч во своето време кога беше во најдобра форма, но повредите му го попречија да го покаже својот полн потенцијал и можеби да влезе во трката за најголем на сите времиња.
Роналдо даде провокативна изјава во врска со Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека не го смета за најдобар на сите времиња, но го почитува неговото мислење.
– Кристијано Роналдо има фантастична историја, освоил се’, постигнувал голови на секаков начин. Тој е сигурно меѓу најдобрите во историјата. Сепак, не се согласувам со неговото мислење дека е најдобар. Но, го почитувам неговото мислење. Јас би рекол дека секако е во Топ 10 – изјави бразилскиот Роналдо.