Дома Фудбал Екитике: Знаев дека Ливерпул е вистинското место за мене

Екитике: Знаев дека Ливерпул е вистинското место за мене

Напаѓачот на Ливерпул Уго Екитике изјави дека не и придава никакво значење на трансферната сума. Французинот се приклучи кон англискиот клуб од Ајнтрахт Франкфурт ова лето за 90 милиони евра.

„Не ме интересира. Јас сум фокусиран на мојата игра. Други може да зборуваат за цената на мојот трансфер, не можам да избегам од тоа. Но, фудбалот е променет. Ливерпул е мојот избор, сакав да дојдам тука. Знаев дека ова е вистинското место за мене и не мислам дека погрешив“, ги пренесува Goal зборовите на Екитике.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


23-годишниот напаѓач има седум настапи за Ливерпул во сите натпреварувања, а постигнал четири гола и една асистенција. Договорот му е со клубот од Мерсисајд до летото на 2031 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јокиќ донесе посебна одлука: Нема повеќе да… (Видео)

Никола Јокиќ повторно ја воодушеви НБА лигата – трипл-дабл за само 22 минути и побед…