Дома Фудбал Една од најголемите ѕвезди си заминува од Реал: „Доста му е од потценување“

Една од најголемите ѕвезди си заминува од Реал: „Доста му е од потценување“

Како што пишува шпанската Марка, бразилскиот напаѓач Родриго (24) сериозно размислува за заминување од Кралскиот клуб зошто смета дека не е доволно ценет.

Родриго пристигна во Мадрид во 2019 година и иако од тогаш одигра 267 натпревари, постигна 68 гола и оствари 50 асистенции, речиси целото време беше во сенка на сонародникот Винисиус Жуниор. И покрај клучните моменти во Лигата на шампионите и одлучувачките голови од клупата, никогаш немаше статус на вистинска прва ѕвезда.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Неговото незадоволство се зголеми последните месеци, а капката што ја прелила чашата беше кога повторно беше во втор план во контекст на доаѓањето на Килиан Мбапе и сè поголемото медиумско внимание насочено кон Џуд Белингем, Вини и новите засилувања.

„Родриго смета дека во Реал Мадрид не го ценат колку што заслужува. Го нервира што постојано е во втор план, додека сите погледи се насочени кон другите. Поради тоа е подготвен да си замине“, наведува Марка.

За Бразилецот нема да недостигаат понуди – интерес покажуваат бројни европски великани, а се споменува и профитабилна опција од Саудиска Арабија. Но, англиската Премиер лига изгледа како најверојатна дестинација. Марка наведува дека Ливерпул е прв фаворит за неговото доведување, додека Манчестер Јунајтед исто така се вклучи во трката барајќи нови решенија за офанзивниот дел на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед го освои „Сан Мамес“, но оваа контроверзна ситуација го реши мечот (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе по првото полувреме од тешкото гостување на Сан Мам…