
Лионел Меси даде изјава која ги изненади многумина по победата против Венецуела.
Ова беше неговиот последен натпревар во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по завршувањето на мечот ја стави фудбалската јавност во дилема.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапува на претстојното Светско првенство.
„Со години имав поддршка од Барселона, а моја желба е тоа да го имам и тука. Во мојата земја, со моите луѓе. Ќе ги паметам добрите моменти. Не мислам дека ќе играм, поради моите години – најлогичната претпоставка е дека нема да успеам да учествувам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обиде да бидам искрен со себе. Немам донесено крајна одлука, но добро ќе размислам,” рече Меси по натпреварот.
Фото: Принтскрин