
Еден од столбовите на шампионската генерација на Пелистер си заминува од Битола. Словенечкиот плејмејкер Домен Тајник од следната сезона ќе го облече дресот на Слован Љубљана, откако клубот од Љубљана и официјално го потврди неговиот ангажман.
По три успешни години во зелено-белиот табор, Тајник реши да стави точка на битолската приказна и да се врати во татковината. Неговиот договор со македонскиот првак истекува на крајот од сезоната, а искусниот организатор на играта избра нов предизвик во кариерата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во дресот на Пелистер, Тајник имаше значајна улога во освојувањето на двете шампионски титули, оставајќи силен печат и на европската сцена со настапите во Лигата на шампионите.