Дома Фудбал Еден од најпознатите италијански тренери доживеал мозочен удар!

Еден од најпознатите италијански тренери доживеал мозочен удар!

Поранешниот тренер на Црвена звезда Зденек Земан (77) повторно доживеа мозочен удар и беше примен во болница под шифра “црвено”.

Земан имаше мозочен удар и пред една година, кога поради опоравување мораше да ја напушти клупата на Пескара која тогаш ја водеше.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Се чинеше дека ситуацијата е постабилна, но следуваа нови проблеми и денес неговата состојба повторно се влоши.

Чешкиот стручњак утрово беше примен во болница, а како што пишува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, тој е под “шифра црвено” за да биде веднаш подложен на понатамошни испитувања.

Овој искусен тренер во својата кариера работел во многу клубови. Беше шеф на струка на Фоџа, Парма, Лацио, Рома, Фенербахче, Наполи, Салернитана, Бреша, работел во Звезда, а во последно време ја водеше Рома, Каљари, Лугано, Пескара и Фоџа.

Моментално нема нови информации околу состојбата на Земан, кој е под голем надзор на лекари.

Инаку, Земан е познат како страстен пушач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mикел го „погоди“ Карагер каде што најмногу го боли: Зборуваше како се освојува Премиер лигата, а – никогаш не си ја освоил!

Во неделата, легендата на Ливерпул Џејми Карагер сугерираше дека Мохамед Салах е во непово…