Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас гостуваше во студиото на „ДАЗН“ во емисијата „Култура“ каде што зборуваше на забавни теми, а ги споредуваше и своите соиграчи со колачи.
Најчесто влегува од клупата за резерви, но и така Елмас има важна улога сезонава во Наполи и е трет стрелец зад Осимен и Кварцхелија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Квара? Тој е – еклер! Ди Лоренцо е – баклава! Лоботка – „баба“ (рум колач). Ким? За него не би можел да најдам десерт. Можеби чоколаден прелив затоа што сите го сакаат“, низ смеа изјави Елмас.
Откри и дека во детството бил голем фан на Рома и обожавал да го гледа Тоти.
„Мојот ден како дете? Правев се и сешто. Наутро училиште, потоа тренинг, курс по англиски, кик-бокс, пливање…Во осум навечер пишував домашна по англиски. Не запирав преку цел ден. Татко ми скоро и да не гледаше фудбал, цел ден беше во слаткарницата „Мандарина“ за која јас и денес не знам како е добиено името. Му помагав околу таа работа, жртвував дел од своето слободно време. Како дете навивав за Рома, најмногу поради Тоти, тој беше феномен и причината што ја гледав Рома“, откри Елиф.
Ги спореди Неапол и Скопје, пицата е сушито му се омилените во градот каде што сега живее.
„Спомен од Неапол? Тесни улици…Во првото доаѓање дојдов да јадаме пица. Поразлично е од Македонија. Неапол е навистина убав, има море, има многу работи, поголем е од Скопје. Мојот град. Омилено јадење ми е пица. Многу јадам, Нема да верувате колку ако ме видите. Суши? Можам даи зедам 70 крцкави парчиња“, истакна македонскиот фудбалер.