Чави Ернандез го напушта тренерското столче на Барселона на крајот на сезоната, а веќе неколку имиња се поврзуваат со кормилото на каталонскиот гигант.
На оваа тема разговараше и поранешниот член на Тотeнхем и Ливерпул, Дени Марфи кој кажа дека Барселона треба да го ангажира Лионел Меси за нов тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас би го поставил Меси за нов тренер на Барселона. Навивачите ќе го прифатат тоа. Мислам дека нема да запре и кога станува збор за тренерската работа“, вели Марфи.
Секако дека вакво нешто во овој момент е невозможно бидејќи Меси се уште е активен како играч, а претходно и самиот изјавуваше дека не се гледа себеси како тренер во иднина. Во шпанските медиуми денес се појави изненадувачка најава дека Лапорта размислува да го врати Франк Рајкард кој не е во фудбалот уште од 2013 година (ТУКА).