Дома Македонски спорт Мак ракомет EХФ ја одби жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот со ПИК Сегед

EХФ ја одби жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот со ПИК Сегед

Eвропската ракометна федерација денес соопшти дека жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот против ПИК Сегед е одбиена бидејќи била неоснована.

Битолскиот тим се жалеше на арбитражата од француските судии, Карим и Рауф Гасми. Од ЕХФ сепак сметаат дека судиската двојка добро си ја завршила работата.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Жалбата беше поднесена за неколку одлуки на судиите. По разгледување на контроверзните судии, потврдени беа опсервациите на судиите во текот на мечот. Според правилата, финалните одлуки на судиите не се подложни на жалби. Поради тоа жалбата се отфрла бидејќи нема основа“, објави ЕХФ.

Следно што би можел да направи Еурофарм Пелистер е да поднесе жалба до Апелациониот суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија напредуваше на европската ФИБА ранг листа

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 58. место на светската рејтинг листа, …