Катерина Плишкова режираше еден неверојатен пресврт и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.
Чешката тенисерка со еден неверојатен пресврт ја победи Серена Вилијамс со резултат 4:6, 6:4 и 7:5.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серена која е седумкратна шампионка на Австралија Опен имаше предност од 5:1 во третиот сет и дури четири меч топки, но и тоа не и беше доволно да слави победа.
Кога Американката стигна до 5:1 сите очекуваа и рутински да го приведе натпреварот кон крајот и никој не очекуваше дека Плишкова ќе пронајде излезе од таа наизглед безилезна ситуација.
Тогаш Серена доживеа огромен пад во играта. Влијание веројатно имаше и една незгодна промена на положбата на нејзиниот глужд. Плишкова успеа да освои шест гема во низа и го режираше еден од најголемите пресврти во историјата на Грен Слем турнирите.