Унаи Емери денес доби отказ на клупата на Арсенал, а ако се погледнат бројките кои ги забележуваше со клубот од Лондон тогаш не можеме да кажеме и дека не го заслужи.
Емери со Арсенал не победи на псоледните седум натпревари во сите натпреварувања, а такво нешто на Венгер му се немаше случено во цели 22 години.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Арсенал вчера изгуби од Ајнтрахт и така пропушти да го обезбеди пласманот во нокаут фазата, за такво нешто му беше потребен бод.
Резултатите беа очајни, а освен тоа Емери изгледаше како да ги изгуби конците секој викенд излегуваше со различен состав. Во Премиер лигата не знаат за победа во последните пет кола и после 13 кола Арсенал освои 18 бодови, тоа придонесе од лидерот Ливерпул да бидат одалечени огромни 19 бодови.
7 – Arsenal have not won any of their last seven matches in all competitions (D5 L2) – they never went on as poor a run across 1235 games under Arsène Wenger, last waiting this long for a win in February 1992 under George Graham (8 games). Denouement. pic.twitter.com/Aqz016ODfn
— OptaJoe (@OptaJoe) November 28, 2019
Но, уште полошо звучи податокот дека Арсенал не запиша победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања, такво нешто на Венгер не му се случи во 22 години. Французинот во тој период го водеше Арсенал ан 1235 натпревари. Последен пат Арсенал подолго чекал на победа во 1992 година под водство на Џорџ Гарахам (осум натпревари).