Дома Останати Ракомет Eлиминирани светските шампиони: Шпанија е првиот финалист!

Eлиминирани светските шампиони: Шпанија е првиот финалист!

Селекцијата на Шпанија приреди мало изненадување во првото полуфинале на Европското првенство. Данска беше мал фаворит пред мечот, но на крајот се радуваа Шпанците.

Тргна натпреварот подобро за Данска, водеа скоро цело прво полувреме во еден момент имаа и предност од четири гола. „Фуријата“ успеа да се врати и на полувреме да замине со минус еден (13:14).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ако првото полувреме и припадна на Данска целосно спротивно беше во второто. Шпанија играше една цврста одбрана, а Хансен и друштвото изгледаа збунети, немаа решение за фантастичниот Перез Де Варгас.

Првото водство на Шпанија беше со 17:16 и од тој момент не го испуштија за на крај да слават со највисоките кои ги имаа во мечот плус четири (29:25). Перез Де Варгас го заврши натпреварот со 13 одбрани.

За играч на натпреварот беше избран Алеиш Гомез Абелјо кој постигна 13 гола. Хансен кај Данска беше стрелец на осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

По Вардар на односот на Алкалоид се пожали и – Пелистер!

По реакцијата на Вардар на жалбата на Алкалоид, сега се односот на клубот од Автокоманда с…