Дома Фудбал Две големи засилувања во Ѓорче во еден: Потпишаа капитенот на Шкупи и поранешниот репрезентативец!

Две големи засилувања во Ѓорче во еден: Потпишаа капитенот на Шкупи и поранешниот репрезентативец!

Македонија Ѓорче Петров, повратникот во Првата лига, денеска го претстави две – поранешниот младински репрезентативец Али Адем и дефанзивецот Кире Ристевски кој го носеше дресот и на сениорската селекција на Македонија.

Адем пристигнува од редовите на Шкупи, клуб во кој ја имаше капитенската лента и ја заокружи својата трета етапа на Чаир. Од Ѓорче очекуваат токму неговото искуство да биде клучно во битката за опстанок, додека за чаирчани овој трансфер претставува нов голем удар во период кога клубот се соочува со сериозна криза.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Адем својата професионална приказна ја почна во Вардар, по што настапуваше за грчките Арис и Верија, како и за албанскиот Фљамуртари. Македонија ЃП новата сезона ја отвори со два порази и без освоен бод, а шансата за прво позитивно изненадување ќе ја има во дербито со Силекс.

Неговото заминување е само уште еден доказ за проблемите со кои Шкупи се мачи оваа сезона.

Ристевски пак кој последен пат дресот на репрезентацијата го носеше во 2023 година пристигнува од тимот на Струга Трим Лум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…