Дома Останати Ракомет Драматичен натпревар во Битола: Вардар триумфираше во последна секунда

Драматичен натпревар во Битола: Вардар триумфираше во последна секунда

Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола се одигра возбудлив дуел помеѓу Пелистер и Вардар, кој по драматична завршница беше освоен од страна на црвено-црните со резултат од 35-34. Оваа победа им ја донесе и првата позиција на табелата.

Решавачкиот гол го постигна Дмитро Хориха во последните секунди од играта. Со силен удар од десет метри, го остави без шанса голманот Никола Митревски.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вардар со триумфот се искачи на лидерската позиција на табелата со 12 бодови, само еден повеќе од Пелистер и четири повеќе од Алкалоид, кој има натпревар помалку.

Најефикасен играч за Вардар беше Младен Крсманчиќ со 11 голови, додека Дмитро Хориха и Вуко Борозан постигнаа по седум голови секој. За Пелистер, Дејан Манасков беше најдобар со десет погодока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…