
Голманот на Лас Палмас, Јаспер Силесен, преживеа вистинска драма синоќа, на натпреварот против Селта кој мораше да го напушти средината на првото полувреме!
Имено, тој во 27-та минута се судри со Борха Иглесијас, кој го удри со колено во стомакот, што го натера Силесен да побара измена. Холандскиот голман веднаш беше пренесен во болница, каде му беше дијагностицирана помала повреда на цревата, а потоа беше префрлен во друга болница со подобра медицинска апаратура.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Новинарот Џозеп Педрерол од програмата “Ел Чирингито” извести дека “Силесен таа ноќ итно беше опериран”. Исто така, како што пренесе новинарот Исак Футо, кој го следеше натпреварот за Мовистар ЛаЛига на радиото COPE во емисијата Ел Партидазо, голманот на Лас Палмас почнал да повраќа по сударот, пред да биде пренесен во болница.
Диосдано Боланос, лекар на Лас Палмас, објасни пред камерите на програмата ‘Ел Чирингито’ дека Силесен е моментално во стабилна состојба.
– Има повреда на стомакот, со одредено зафаќање на цревата. До сега се тече како што треба – додаде доктор Боланос кој не ја исклучи можноста голманот да мора да биде подложен на дополнителна операција.
Инаку, Силесен во текот на кариерата бил чувар на мрежата за Ајакс, Барселона, Валенсија и репрезентацијата на Холандија.
.🙏 Силесен пристига во болница по неговиот судир со Борха Иглесијас.
— Ел Чирингито ТВ (@elchiringuitotv) 31 март 2025
👉 Фудбалерот има перфорирано црево.
❤️ Брзо закрепнување, @ЈасперСилесен. pic.twitter.com/i9sXahchBI