Дома Фудбал Драма во Еквадор: Полицијата во престрелка со оружјe ослободи киднапиран фудбалер

Драма во Еквадор: Полицијата во престрелка со оружјe ослободи киднапиран фудбалер

Еквадорскиот фудбалер Педро Перлаза (33), кој заедно со пријател беше киднапиран минатиот викенд, е ослободен во акција на еквадорската полиција. Одбранбениот играч на Делфин беше киднапиран откако присуствуваше на забава во северозападниот крајбрежен град Есмералдас. Полицијата успеа да ја лоцира куќата каде што жртвите беа затворени и да ги ослободи.

“По собирање информации од страна на Единицата за борба против киднапирање и изнуда (UNASE), успеавме да ја лоцираме куќата во руралниот дел каде што жртвите беа затворени”, објави полицијата. “По судир во кој се случи и размена на оган, ослободивме две жртви на киднапирање и обид за изнуда”, се додава во соопштението.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Перлаза има три настапи за репрезентацијата на Еквадор, а во текот на кариерата играше за еквадорските клубови Рокафуерте, ЦД Америка, КС Патрија, Петролеро, Куеведо, Макара, Портовијехо, Колон, ЛДУ Кито, Индепендиенте, Аукас и Барселона СК.

Во Еквадор последните години е забележано зголемување на насилните злосторства. Само минатата година се регистрирани повеќе од 7000 насилни смртни случаи, што е зголемување од речиси 65% во споредба со 2022 година, според извештаите на Националната полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…