
Кошаркарите на Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, откако во Рига ја победија Словенија со 99:91 (21:32, 24:19, 25:23, 29:17).
Актуелните светски прваци до победата ги водеше Франц Вагнер со 23 поени, со седум скока и четири асистенции, Денис Шрудер запиша 20 поени и седум асистенции, додека Даниел Тајс постигна 15 поени, со девет скока.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во селекцијата на Словенија најдобар беше Лука Дончиќ со 39 поени, со 10 скока и седум асистенции, Клемен Препелич додаде 13 поени, а Грегор Хроват запиша 11 поени, четири скока и три асистенции.
По завршувањето на мечот селекторот на Словенија Александар Секулиќ беше бесен на судиите и им се закануваше сред теренот.