Дома Останати Кошарка Дончиќ збесна на тајм-аут и држеше лекција на соиграчите: Смирете се сите! (Видео)

Дончиќ збесна на тајм-аут и држеше лекција на соиграчите: Смирете се сите! (Видео)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ игра шампионат што останува во сеќавање, а дуелот против Италија беше неговиот најдобар натпревар досега! Погоди дури 42 поени и ја предводеше Словенија до победа од 84:77, но ден потоа повеќе од резултатот се зборува за неговото лидерство на теренот.

Снимката од еден тајм-аут стана вирусна со невидена брзина. Во моментот кога Италијанците ја намалија разликата на седум поени, соиграчите на Дончиќ почнаа да ја губат концентрацијата и да покажуваат нервоза. Тогаш капитенот ја презеде ситуацијата во свои раце и ја смири атмосферата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Водиме со седум разлика, смирете се сите за бога! Нервозни сте без причина. Концентрирајте се, не треба да се расправаме меѓусебно, играме против нив, а не едни против други. Ајде – порача Дончиќ во страсен говор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркар на Ц. Звезда поради политика остана без Евробаскетот!?

Кошаркарската репрезентација на Србија шокантно е елиминирана од Финска во осминафиналето …