Дома Останати Кошарка Дончиќ руши сѐ пред себе – ова што го направи Словенецот не сме го виделе од Мајкл Џордан (Видео)

Дончиќ руши сѐ пред себе – ова што го направи Словенецот не сме го виделе од Мајкл Џордан (Видео)

Не играше три натпревари поради повреда на прстот, но со враќањето на теренот магијата продолжи! Лука Дончиќ и во третиот натпревар во новата НБА сезона постигна над 40 поени, завршувајќи го мечот со 44 во триумфот на Лос Анџелес Лејкерс против Мемфис Гризлис 117:112 за скор 4-2.

Неверојатниот Словенец навистина не планира да застане и овој пат покрај напаѓачкиот учинок додаде 12 скока и шест асистенции. Во своите први три натпревари во сезоната уфрли 136 поени, откако даде 43 на Голден Стејт и 49 на Минесота…

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На овој начин стана само вториот играч во историјата кој постигнал барем 40 поени во првите три дуели од кампањата, по славниот Вилт Чемберлејн во друго време. Дополнително, Дончиќ е и само третиот покрај истиот човек и Мајкл Џордан со барем 125 поени во првите три натпревари.

Остин Ривс додаде 21 поен за Лејкерс, додека на другата страна поранешниот играч на Партизан Џок Лендејл имаше 16, исто како и Џејлен Велс со пет, односно седум скока.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лука Дончиќ по вторпат стана татко: Објави фотографија од ќерката и ѝ го откри името (Фото)

Еден од најдобрите светски кошаркари, Лука Дончиќ, ги пропушти последните два натпревари н…