Дома Останати Кошарка Дончиќ испиша историја, ваков учинок досега немал никој друг во НБА!

Дончиќ испиша историја, ваков учинок досега немал никој друг во НБА!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (26) продолжува да ја оправдува својата улога на суперѕвезда, откако минатата сезона се пресели во Лејкрерс, што според многумина беше еден од најголемите и најнеочекувани трансфери во историјата на НБА лигата.

Дончиќ, откако го продолжи својот договор на неверојатен начин, постигна резултат невиден досега во најсилната лига на светот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


После утринешниот натпревар против Јута, Лука влезе во историја како првиот играч кој во првите 12 натпревари од сезоната забележал над 400 поени и 100 асистенции.

Тој досега има остварено вкупно 414 поени и 107 асистенции во дресот на Лејкерс, а вреди да се напомене дека не учествуваше во сите натпревари оваа сезона.

Во првите два натпревари постигна повеќе од 40 поени, потоа следеше пауза од три натпревари поради повреда, а се врати на теренот на 31 октомври против Мемфис и повторно постигна 40 поени.

На почетокот на ноември првпат падна под 30 поени, но и тогаш успеа да оствари трипл-дабл во победата над Мајами, а последниве недели игра во одлична форма.

Во првиот дуел со Јута, одигран средината на ноември, постигна 37 поени со 10 асистенции, а утринава одигра 40 минути на терен и оствари 33 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер за „влакно“ избегна нов пораз, Јокиќ со херојски потег ѝ пресуди на Јута (Видео)

Извонредно важна победа за Денвер Нагетс во борбата за плеј-оф во НБА лигата, сега не само…