Дома Останати Кошарка Дончиќ и Леброн ги водеа Лејкерс до победа над Бруклин (Видео)

Дончиќ и Леброн ги водеа Лејкерс до победа над Бруклин (Видео)

Во текот на ноќта во НБА лигата беа одиграни десет натпревари од кои дури седум ги добија гостинските екипи.

Една од тие екипи беа Лос Анџелес Лејкерс кои го совладаа Бруклин Нетс со резултат 125:109 благодарение на одличните партии на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дончиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 6 скока и 5 асистенции, додека Џејмс постигна 25 поени и имаше 7 асистенции.

Во редовите на Бруклин, Мајкл Портер постигна 21 поен и 10 скока.

Една од победите на домаќините оствари Детроит кој го победи Денвер со резултат 124:121 благодарение на одличниот Кејд Канингем кој го заврши натпреварот со 29 поени и 10 асистенции.

Во редовите на Нагетси, Никола Јокиќ оствари дабл-дабл со 24 поени и 15 скока, додека Џамал Мареј постигна 32 поени и имаше 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еден од најдобрите кошаркари во светот го удри Јокиќ по меѓуножјето (Видео)

Со поразот од Детроит Пистонс на гости (124:121), Денвер Нагетс се најдоа во серија на неу…