Дома Останати Кошарка Дончиќ се пожали: Нозете сè уште не ми се во најдобра состојба

Дончиќ се пожали: Нозете сè уште не ми се во најдобра состојба

Лејкерс загубија од Шарлот, а Лука Дончиќ сѐ уште се привикнува на новата околина. Тој во поразот на тимот од Лос Анџелес постигна 14 поени, 11 скокови, осум асистенции, но и шест загубени топки. Имаше трета најголема минутажа во тимот, после Џејмс и Хачимура, 33 минути.

„Очигледно ми треба уште малку време, и на мене и на тимот, да се навикнеме едни на други. Многу ‘рѓа фати на мене за ова време. Го почнав натпреварот со 4-5 загубени топки, што е недозволиво. Морам да почнам да играм кошарка на правилен начин”, рече Лука по поразот од Хорнетс.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


За Лејкерс ова беше првиот пораз на домашен терен по седум последователни победи.

Леброн имаше две шанси да биде херој и да направи пресврт во резултатот во последните секунди, но ги промаши двете тројки.

Дончиќ сѐ уште делува дека не е подготвен, по враќањето од повеќенеделенa пауза.

„Нозете уште не ми се во најдобра состојба, тоа ме мачи, но оди на подобро од ден на ден. Моментално се радувам на секој нов натпревар и на сѐ што имам тука, на работата и тренинзите. Среќен сум што сум овде. Ова е еден од најголемите клубови во светот. Како што реков, ни треба уште време, но горд сум што играм за Лејкерс. Среќен сум“, заклучи Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија сака победа во Талин за задржување на надежите за пласман на Евробаскетот!

Koшаркарската репрезентација на Македонија денеска ја очекува уште една важна битка во пре…