Дома Фудбал Донарума во неочекуван трансфер?

Донарума во неочекуван трансфер?

ГАЛАТАСАРАЈ се подготвува да понуди сензационален трансфер за голманот на Пари Сен Жермен и италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума, пренесува ТуттоМеркатоВеб. Ова ќе биде нов обид на турскиот клуб да ја зајакне својата екипа, откако веќе оствари контакт со голманот на Милан, Мајк Мањан, чуварот на Интер Јан Зомер и чуварот на мрежата на Манчестер Сити, Едерсон.

Според информациите од Италија, новата цел на Галатасарај е Донарума, чиј договор со ПСЖ завршува во јуни 2026 година, а францускиот тим наводно не е подготвен да го задржи со сегашната плата од 12 милиони евра по сезона. Поради ова, Донарума би можел следното лето да го напушти клубот како слободен агент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Галатасарај верува дека ангажирањето на италијанскиот репрезентативец ќе остави силен впечаток, особено по договорот постигнат со Наполи вреден 75 милиони евра за напаѓачот Виктор Осимен.

Сепак, не е сигурно дали Галатасарај ќе може да го реализира својот план поради конкуренцијата што го следи Донарума. Се спомнува дека за поранешниот голман на Милан се заинтересирани и Челси, Интер и Јувентус. Донарума минатата сезона прими 43 гола на 47 натпревари. ПСЖ ги освои Лига на шампиони, Лига 1 и францускиот куп. Tрансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси се посрамоти обид за паненка (Видео)

Фудбалерите на Интер доживеаа тежок пораз од Шарлот со резултат од 3:0, а решавачкиот моме…