
Џанлуиџи Донарума верува дека неговиот поранешен клуб Милан може да ја освои титулата во Италија оваа сезона. 26-годишниот голман ја коментираше состојбата на Серија А во интервју за “Газета дело Спорт”.
“Имав среќа да гледам Серија А од две различни места: Лига 1 и Премиер лига. Гледајќи од страна, можам да кажам дека нашиот фудбал не е послаб од другите. Во Англија се трча од првата до последната минута. Во Италија не е така, но тоа не значи дека сме подобри или послаби, едноставно е така”, сподели Донарума.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Запрашан кој е фаворит за титулата во Серија А, голманот одговори: “Има четири или пет тима што ќе се борат, а тоа дава нова димензија на првенството. Милан ми се допаѓа. Љубопитен сум за сè околу нивниот пресврт. Мислам дека во основата е Алегри, но не само тој. Милан има големи амбиции. Разговарав со луѓе кои го познаваат клубот многу добро и тие веруваат во проектот”.
Во врска со останатите кандидати тој изјави: “Интер има сила и докажана група на играчи. Останувањето на Конте во Наполи со нивната енергија и квалитети им дава шанси. Новата Рома на Гасперини и можностите за развој, а Јувентус исто така не треба да биде отпишан. Ќе биде многу интересно”.