Дома Фудбал Донарума остана без својата „99-ка“, а не можеше да ја земе ниту „единицата“

Донарума остана без својата „99-ка“, а не можеше да ја земе ниту „единицата“

Џанлуиџи Донарума направи трансфер ова лето, а сега е познато кој број ќе го носи во редовите на „Граѓаните“.

Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума го потпиша договорот со Манчестер Сити последниот ден од преодниот рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По потпишување на договорот, се соочи со мал проблем при изборот на бројот кој ќе го носи на дресот.

Донарума пристигна во Сити од редовите на Парис Сен Жермен каде носеше број 1, но овој број е зафатен и на него е Џејмс Трафорд.

Затоа Италијанецот изрази желба на дресот да го носи омилениот број 99. Сепак, ни тоа не беше можно.

Тој овој број го носеше и во Милан, а потоа и кога стигна во Парис Сен Жермен.

Овој број би бил најголемиот некогаш носен од некој играч во Премиер лигата, но раководството на лигата сака играчите да избираат „конвенционални броеви“.

Најдобар пример за ова беше случајот со Ренато Санчес кој во Свонси сакаше да носи број 85, но Премиер лигата му го одби тоа.

Објаснувањето беше дека „броевите“ во екипата мораат да се последователни и блиску до сегашниот најголем број и Португалецот тогаш го избра бројот 35.

Исклучок од тоа правило се младите фудбалери кои сѐ уште играат за јуниорите, а Џејмс Мекати го носеше дресот на „Граѓаните“ со број 87.

На крајот, кој број го зема Донарума во дресот на Манчестер Сити?

На крајот Донарума го доби дресот со број 25, кој остана слободен откако „Граѓаните“ ги напушти Мануел Аканџи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …