Дома Фудбал Донарума доби неочекувана понуда: Се јави клубот од кој најмалку се очекуваше!

Донарума доби неочекувана понуда: Се јави клубот од кој најмалку се очекуваше!

Конецот на летниот трансфер период во Европа може да донесе фудбалска бомба во која малкумина веруваа, но започнаа сериозни шпекулации.

Џанлуиџи Донарума (26) не го продолжи договорот со ПСЖ, кој важи до 2026 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Почна да се зборува за трансфер на Донарума, се појавија разни шпекулации, но првите кои испратија понуда беа оние од кои најмалку се очекуваше.

Турскиот великан Галатасарај испрати понуда до италијанскиот голман, кого го сакаат во своите редови.

Секако, тука е и ПСЖ, а италијанските медиуми велат дека Галатасарај е спремен да им понуди на Парижаните 50 милиони евра.

ПСЖ и Донарума ќе продолжат со разговорите за можноста за продолжување на договорот. Меѓутоа, проблем претставува платата на Донарума, според која Италијанецот има 850.000 евра бруто на месечно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси не чекаше многу, брзо му одговори на Роналдо за изјавата кај Морган!

Интервјуто на Пирс Морган со Кристијано Роналдо предизвика многу дискусии, откако познатио…