Дома Фудбал Дом на европски гигант уништен: Некогаш чекаше дуели од ЛШ, а денеска е – депонија (Видео)

Дом на европски гигант уништен: Некогаш чекаше дуели од ЛШ, а денеска е – депонија (Видео)

Некои легендарни стадиони станаа оставени сами на себе. А тоа обично значи целосно пропаѓање. Особено ова важи во земјите каде инфраструктурата се наоѓа на други планови по различни причини.

До сега се објавени низа фотографии на стадиони кои изгледаат целосно уништени, како да ги голтало времето и дека за нив едноставно никој повеќе не се грижи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Последниот кој може да се додаде на листата е централниот стадион Шахтјор кој се наоѓа во Донецк. Недавните фотографии ја открија неговата актуелна состојба.

Легендарниот стадион изгледа целосно уништено. Трибините на стадионот се едноставно избледени, а теренот е приказна сама за себе.

На теренот има купишта отпад, земја и други наноси, а видливо е дека на теренот расте и дрвја. Едноставно, никој не се грижи за него.

Централниот стадион Шахтјор е отворен во 1936 година и бил првиот дом на популарните Рудари кои веќе десетина години играат во егзил.

Интересно е што на овој стадион Шахтјор првпат играше во групната фаза на Лигата на шампиони и ја освои првата украинска титула.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на…